Ливерпул не го пушта Салах да игра за репрезентација

97

Ливерпул на клупско ниво одлучи дека Мохамед Салах не треба да се јави на репрезентативниот повик кој Египет го испрати за него, а се однесува на квалификацискиот дуел против Англола на 2 септември на домашен терен.

Причината за тоа е фактот што Египет како држава е во црвената опасна зона кога станува збор за коронавирусот, па Ливерпул не сака ништо да ризикува по тоа прашање.

И да остане Салах не заразен, по враќањето во Велика Британија би требало да одлежи десетндевен карантин што секако Ливерпул, а и самиот фудбалер не смее да си го дозволи.

Останува да се види како Ливерпул ќе реагира на повикот од страна на Бразил за Алисон, Фабињо и Фирмино кој се повикани за дуелите против  Чиле, Аргентина и Перу.

 

ПретходноВест Хем и Челзи си подадоа рака за трансфер на Курт Зума
СледноЖорди Алба се согласи на 25% помала плата