29-годишниот играч за врска на екипата на Ливерпул, Џердан Шаќири, и официјално стана нов фудбалер на француски Лион. Како што потврдија од францускиот клуб, Лион успеал да го комплетира трансферот на Швајцарецот за кого очигледно нема место во новиот тим на Клоп оваа сезона.
Претходно беше објавено дека Шаќири постигнал договор со Лион за условите на личниот договор. Швајцарецот ќе потпише договор со „лавовите“ до 30 јуни 2024 година.
L’Olympique Lyonnais est heureux d’avoir enfin trouvé un accord de principe avec Liverpool dans le cadre du recrutement du milieu de terrain international Suisse, Xherdan Shaqiri, qui s’était distingué face à la France lors du 1/8eme de finale de l’Euro.https://t.co/l8SqPPpAgs
— Olympique Lyonnais (@OL) August 22, 2021