Ренова реагира на судењето на мечот со Академија Пандев

569

По вчерашниот дуел со Академија Пандев во Струмица, со реакција на судењето се јавија од ФК Ренова од Тетово.

„Прашање до Судиската организација: Дали ние другите клубови треба да се повлечеме кога играме против Академија Пандев?!!! Бидејќи ова што се случува во првите четири меча од првенството е организиран криминал во нивна корист и на штета на другите клубови. На почетокот на второто полувреме кога резултатот беше 0:1 во корист на нашиот клуб, судијата стартуваше со своите методи, мислејќи на погодоци од пенали кои не постоеја, корнери кои не постоеја…. додека не го свртеа резултатот. Сите реакции на другите клубови беа оправдани. Не сакаме да реагираме, но не можеме ни да ги затвориме очите“, велат од Ренова.

ПретходноНедела на одлука: Манчестер Сити почнува со финална офанзива за Хари Кејн
СледноЗверев го освои и Мастерсот во Синсинати