Тиквеш има нов шпиц од Камерун

1850

Екипата на Тиквеш лошо го стартуваше новиот шампионат на резултатски план и има само еден освоен бод по четири одиграни кола.

Во Кавадарци нормално не се задоволни со ова, па се обидуваат на секој начин да ја завртата ситуацијата на подобро.

Па така, од вчера нивен нов член не интернационалецот од Камерун, Барга Нгоба Анаел кој веќе го изгледа мечот против Работнички во Скопје, каде Тиквеш во неделата загуби со 2:1, а веќе денеска се приклучи на екипата во Кавадарци.

Се работи за напаѓач кој последно има настапувано за екипата на Мајеес во шампионатот на Оман, а има 22. години и е висок 184 см.

Со него веројатно Тиквеш планира да атакува далеку повеќе кон противничкиот гол и конечно да ја забележи првата победа сезонава.

 

ПретходноИнтер брза да го потпише Кореа, Лотито ги предупреди
СледноВест Хем и Челзи си подадоа рака за трансфер на Курт Зума