Баерн потврди: Кимих останува во Минхен до 2025 година

121

Баерн (М) утрово и официјално потврди дека играчот за врска Џошуа Кимих ќе продолжи да игра за Баерн Минхен и во следните 4 години.

Минхенскиот клуб објави продолжување на договорот со германскиот репрезентативец до 2025 година. Беше објавено дека тој ќе стане еден од најплатените играчи во тимот, втор по Роберт Левандовски.

26-годишниот Кимих игра за Баерн Минхен од 2016 година.

„Главната причина поради која одлучив да го продолжам договорот е затоа што секој ден овде во Баерн Минхен чувствувам радост. Играм во тим со кој можам да постигнам се. Многу од моите соиграчи ми станаа вистински пријатели. Почнав да играм фудбал затоа што е забавно. Се уште верувам дека не сум ја достигнал конечната точка во мојот развој и убеден сум дека тоа ќе го направам во Баерн во наредните години“, изјави Кимих по потпишувањето на новиот договор.

ПретходноСкандалот со оргии на стадионот во Норвешка има епилог: Двајца фудбалери избркани од Бран
СледноГвардиола е загрижен: Не знам дали ќе успееме!