Брегалница и Тиквеш никако да победат!

565

Влегоа во елитата со големи амбиции, се најавуваше и битка за Европа, барем тоа фановите го бараа, но повратниците во елитата, Брегалница и Тиквеш и по 4.коло немаат ниту една победа.

Интересно е тоа што на сите осум натпревари, по четири на двете екипи, никој речиси не ги надигра, но триумф нема па нема. Посебно големо е разочарувањето кај фановите на штипските “сини“ кои вчера “удрија“ по голманот Денковски кој направи катастрофална грешка во Велес.

Јасно е дека распоредот на штипјани и кавадарчни не им одеше во прилог, играат со навистина силни ривали. Брегалница нема пораз, но нема ни победа. Тиквеш пак има едно реми и три порази.

Во сабота, кога и се игра 5.коло, Брегалница игра дома со Академија Пандев, а во Кавадарци екипата на Тиквеш го дочекува составот на Струга Трим Лум. Ова се првопласираните екипи на табелата. Значи одново ќе им биде тешко на повратниците во елитата.

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ

БРЕГАЛНИЦА:

БРЕГАЛНИЦА – Шкупи 0:0

Скопје – БРЕГАЛНИЦА 0:0

БРЕГАЛНИЦА – Шкендија 3:3

Борец – БРЕГАЛНИЦА 1:1

БРЕГАЛНИЦА – А. Пандев ???

ТИКВЕШ:

ТИКВЕШ – Шкендија 0:0

Борец – ТИКВЕШ 2:1

ТИКВЕШ – А.Пандев 0:2

Работнички – ТИКВЕШ 2:1

ТИКВЕШ – Струга ТЛ ???

ПретходноЛамела во последните секунди и донесе триумф на Севилја!
СледноИ Милан тргна победнички…