Васоски за реакциите на судењето на средбите на Академија Пандев: Ова веќе минува во хајка

1575

По се зачестените реакции на судењето на натпреварите на кои игра екипата на Академија Пандев, каква што беше и таа од Ренова утрово, со свој став се огласи и тренерот на струмичкиот прволигаш, Александар Васоски.

„Почитувани спортски пријатели, морам да се обратам по се понагласените патетични соопштенија од нашите противници заради судењето на нашата екипа. Веќе минува во патетика после натпревар виновници да барате кај судиите. Со тоа го омаловажувате нашиот труд и си барате алиби за поразите. Што е Академија крива што некој неспортски човек од трибините свирнал со свирче за нашите и фудбалерите на Ренова да застанат. Освен таа ситуација на крај, подготвен сум на јавна дебата, фаул по фаул, офсајд по офсајд да дискутираме на јавна емисија, а не само без аргументи. Ова веќе минува во хајка која нема врска со вистината. Се додека нема ВАР за жал ќе има судиски грешки, затоа сите треба да се залагаме што побрзо да се донесе. Апелирам и на јавна емисија со судиски експерти за да се минимизираат грешките“, вели Васоски.

ПретходноЗверев го освои и Мастерсот во Синсинати
СледноЕлмас: Среќен сум за голот, се надевам ќе ја освојам довербата на тренерот