Нексе и Веспрем одиграа одличен меч во рамките на првата четвртфиналната пресметка за место на Ф4 во СЕХА лига. Во меч со бројни пресврти, на крајот славеше унгарскиот тим со 33-35. Во составот на Веспрем не беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Домаќинот го изненади фаворитот, многумина, па и самиот унгарски тим мислеше дека лесно ќе обезбеди позитива пред реваншот.
Но, ракометарите на Нексе беа одлични, во првото полувреме во еден момент имаа предност од пет гола, 16-11 беше во 22 минута. На одморот Веспрем замина со негатива од 18-22.
Очекувано, гостите се вратија во мечот, поведоа и со 21-25, но противникот не се предаде, на осум минути до крајот имаше водство од 31-29.
Сепак Веспрем успеа да се извлече и да дојде до минимален триумф.
Најефикасен ракометар на теренот беше Халил Јагањац со десет гол, на другата страна Гаспер Маргуч имаше девет.