Вест Хем и Челзи се договорија за трансфер на дефанзивецот Курт Зума во редовите на „чеканите“ за 25 милиони фунти. Двете страни ја дефинитирале сумата, меѓутоа останува уште Вест Хем да ги договори личните услови на фудбалерот кој бара висока плата. Вест Хем притиска, а Челзи чека што побрза разврска за да тргне по ангажман на играчот на Севиља, Жулс Кунде.
Зума, инаку француски репрезентативец пред да дојде во Челзи играше за Сент Етјен, а беше позајмуван во Стоук и Евертон. Минатата сезона одигра вкупно 36 натпревари за „сините“ од Лондон.
Да потсетиме Челзи го купи Зума во 2014 година од Сент Етјен за 12 милиони фунти.