По заминувањето на Серхио Агуеро, англискиот првак тргна по потрага на нова деветка. Една од желбите на Пеп Гвардиола и раководството е Хари Кејн, но тој вчера заигра за Тотенхем, па неговиот трансфер е ставен од знак прашалник.
Лондонскиот тим бара 150 милиони фунти, што е за 50 повеќе од она што може Манчестер Сити да го плати.
„Не знам дали ќе донесеме нов напаѓач. Тоа беше нашиот план по заминувањето на Агуеро, но сега не сум сигурен дали ќе успееме да го сториме тоа до крајот на преодниот рок“, изјави Гвардиола.
Сити новата сезона ја отвори со пораз од Тотенхем, а потоа го декласираше Норвич со 5-0.