Голден Арт потпиша ново име

249

Голден Арт продолжува да се засилува и да гради тим за иднината. Левиот бек Андрија Мандиќ е нов ракометар, дваесетгодишниот битолчанец кариерата ја почна во Работник, па продолжи во Пелистер и Металург.

„Ангажманот на Мандиќ е во насока на давање шанса на млади, недокажани македонски ракометари да работат во висок ритам и минутажа на терен за стекнување искуство на натпреварите во сениорска конкуренција“, велат од клубот. 

По префрлањето на неколку млади ракометари родени 2004 година, Зафировски, Пасковски, Стаменковиќ, Глигоров, Стојановски, Самоиловски и Јосифовски во првиот тим, кои повеќе од две недели работат под полна пареа со првиот тренер Никола Матлиески, изминатите неколку дена Голден Арт за првпат потпиша договори со уште четворица млади ракометари кои и минатите години беа дел од нашиот систем во пионерска и кадетска конкуренција.

Матеј Ѓорчески, Марко Пасковски, Андреј Ниновски и Марко Трајков оваа година ќе бидат дел од втора екипа, но со активно учество во работата со првиот тим.

ПретходноТрофејот и златните медали пристигнаа во КФСМ (ФОТО)
СледноМурињо урна рекорд, па во свој стил се пошегува на своја сметка