Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои титулата на Мастерс турнирот во Синсинати. Тој синоќа го совлада Русинот Андреј Рублев со 2:0, по сетови: 6:2, 6:3.
Тоа беше петта титула за тенисерот од Хамбург на турнирите од серијата Мастерс 1000. Претходно го освои Рим 2017, Монтреал 2018 и Мадрид 2018 и 2021 година.
Ова е прва титула за Зверев во Синсинати. Зверев стана првиот играч што освоил златен медал на Олимпијадата и го освоил трофејот во Синсинати од 1996 година, кога тоа му успеа на Андреа Агаси.