Интер брза да го потпише Кореа, Лотито ги предупреди

289

Според информациите од „Скај спорт Италија“, Интер си постави цел за два до три дена да го комплетира трансферот на фудбалерот на Лацио Жоакин Кореа на „Меаца“. „Нероаѕурите“ го донесоа Един Џеко како замена за Лукаку кој премина во Челзи, но тренерот Симоне Инзаги сака уште еден напаѓач во својот тим. Нивната понуда за аргентинскиот интернационалец изнесува 30 милиони евра.

Меѓутоа првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито не се служува со сумата. Тој вели дека нема шанси да го продаде за под 40 милиони евра.

„Платете и ќе го добиете фудбалерот. Ние кога сакаме некој фудбалер ја плаќаме бараната сума и го добиваме. А и нема потреба да продаваме играчи освен ако не добиеме убава понуда за нив“, изјави Лотито.

Нема уште многу до крајот на трансферниот прозорец, па на Интер ќе му треба чудо за да го скрши Лотито. Во случај на неуспех ќе се обидат со Џанлука Скамака од Сасуоло или Лоренцо Инсиње од Наполи.

ПретходноAталанта се договори со Челзи – Запакоста се враќа во Бергамо
СледноТиквеш има нов шпиц од Камерун