Македонија до 16 години ќе одигра два пријателски натпревари против Турција

390

Младата репрезентација на Македонија, генерација 2006, предводена од селекторот Неџат Шабани ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Турција.

Натпреварите ќе бидат одиграни на ТФФ тренинг центарот во Истанбул, Рива на 24 и 26 август со почеток од 17. часот.

Селекторот Неџат Шабани за претстојните дуели против Турција се одлучи можност за настап да имаат следните фудбалери:

Голмани: Славе Вргов (ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), Спаско Ахтаров (ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.);

Одбрана: Андреј Велков (ФК БРЕГАЛНИЦА), Генц Кикху (ФК РАБОТНИЧКИ), Анес Малиќи (ФК ШКЕНДИЈА), Кристијан Галевски (ФК ВАРДАР), Димитар Порчу (ФК ВАРДАР), Андреј Љубевски (ФК РАБОТНИЧКИ), Мартин Јовановиќ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П);

Средина: Андреј Величковски (ФК ВАРДАР), Дарко Сековски (ФК ВАРДАР), Даниел Коцев (ФК РАБОТНИЧКИ), Давор Шегмановски (ФК РАБОТНИЧКИ), Димитар Данев (ФК РАБОТНИЧКИ), Алмир Подграѓа (ФК РАБОТНИЧКИ), Мухамед Шефити (ФК Шкендија);

Напад: Никола Манојлов (ФК РАБОТНИЧКИ), Алтин Алиљи (ФК ВАРДАР), Флакрон Мемиши (ФК ШКЕНДИЈА), Стефан Младеновски (ФФМ АКАДЕМИЈА), Горазд Ристовски (ФФМ АКАДЕМИЈА), Димитар Папазов (ФК ФОРЦА);

ПретходноЧолаковски и Божиновски на пат за Македонија
СледноНорич се засили со дефанзивец на Манчестер Јунајтед