Меси ќе дебитира за ПСЖ в недела против Ремс

148

Како што најавуваат повеќето од француските но и шпански медиуми, Лионел Меси би требало за прв пат да се појави во дресот на ПСЖ следниот викенд. Поточно в недела, кога неговиот тим гостува на екипата на Ремс.

Тој е далеку сеуште од посакуваната форма, затоа што имаше едномесечен одмор по освојувањето на Копа Америка со Аргентина летово, а потоа следуваше и разделбата со Барселона, а во тие денови сигурно не му било до сериозен тренажен процес, па сега Меси се обидува да се подготви што е можно подобро за да може веќе следниот викенд да им помогне на своите нови соиграчи на теренот.

 

ПретходноИ официјално: “Блу Скај“ сега го има Вардар во 100% сопственост!
СледноПрвиот човек на Келце: Сакам да видам дека на Карачиќ навистина му значи тимот!