Младите кугларки десетти во екипна конкуренција на ЕП во Словенија

156

Македонската женска кугларска репрезентација за играчи до 18 години го имаше својот прв настап на Светското првенство за играчи до 23 години кое се одржува во Крањ и Камник, Словенија.

Екипно нашите кугларки се пласираа на 10. место во конкуренција на 12 селекции. Зад Македонија останаа Италија и Естонија.

Во финалето и битката за титулата светски поединечен првак влезе и нашата Стефанија Алековска која на завршниот ден, во четврток, уште еднаш ќе има можност да ги одмери силите со најдобрите кои учествуваат на светското првенство.

Нашите девојки ќе имаат настапи и во дисциплините тандем и спринт во среда.

Тандем ќе играме против Полска, а доколку ја поминеме првата рунда би се сретнале со победникот од дуелот Германија – Австрија. Спринтот во првата рунда ни е против кугларка од Словачка и од Хрватска.

ПретходноСупер талент: Ѓоргиевски со 16,5 години го имаше своето деби за “пандевци“!
СледноФранцузин во редовите на Работнички