Жозе Мурињо со победа ја почна новата сезона во Серија А, неговата Рома беше подобра од Фиорентина со 3-1. Португалецот дојде до 50. триумф во италијанскиот шампионат и постана рекордер, никој до сега не успеал толку брзо да дојде до оваа бројка на победи.
Во својот прв мандат во Серија А, на клупата на Интер од 2008 до 2010 година оствари 49 победи на 79 меча, а првата победа како тренер на Рома му беше јубилејна.
По завршување на мечот „Посебниот“ на својот „Инстаграм“ профил сподели статистика и пиша една реченица: Ве молам, немојте само да ги покажувате негативните рекорди. Само позитивните“.