Врвот на АТП листата и натаму му припаѓа на Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер ја започнува 335 недела како лидер, има 11.113 поени, зад него е Данил Медведев кој има 9.980 поени. На третото место се најде Стефанос Циципас.
Има промени на четвртото место, кое сега му припаѓа на Зверев, Надал падна на петата позиција на АТП листата.