Скандалозните сцени кои фудбалскиот свет ги виде вчера од Ница потсетија на најлошите денови на фудбалската игра. Мечот меѓу Ница и Олимпик (М) не го доживеа крајот, откако гостите не сакаа да го продолжат мечот по тепачките кои избувнаа меѓу навивачите и дел од фудбалерите на двата тима.
Претседателот на Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија ја коментираше одлуката на тимот да одбие да излезе на теренот и да ја продолжи средбата од 3. коло на францускиот шампионат со Ница.
„Треба да создадеме преседани во францускиот фудбал. Судијата беше на наша страна, тој ни потврди дека безбедноста не е загарантирана. Неговата одлука беше да одбие да го продолжи натпреварот, но Француската фудбалска федерација (ЛФП) инсистираше на продолжување на дуелот. Ова е неприфатливо за нас“, изјавил Лонгорија.
Играчите на гостинскиот тим не сакаа да се вратат на теренот и да ја продолжат средбата, па според дел од француските медиуми, пропусите наложуваат службен пораз на гостинската екипа со 3:0.
OGC Nice fans might have taken things too far tonight. 😨 pic.twitter.com/BOevX5etdO
— Football Tweet (@Football__Tweet) August 22, 2021
Another shocking image shows an OGC Nice “fan” attempting to kick Dimitri Payet. pic.twitter.com/Cwurpmnsq7
— Get French Football News (@GFFN) August 22, 2021
One of the Marseille staff ran on and lumped a Nice fan ffs 🤣 pic.twitter.com/Vq0aq1rN1u
— Pato (@jpaterson97) August 22, 2021