Погба: Сакам титули, а не рекорди

148

Манчестер Јунајтед на чело со Паул Погба не успеа изминатиов викенд да се радува на прв гостински триумф сезонава, откако одигра само 1:1 против Саутемптон и тоа вадејќи се од негатива. Јунајтед и со овој резултат израмни рекорд со кој 27 пати по ред остана непоразен на едно гостување. Сега е во редот заедно со Арсенал, а следната недела против Вулверхемптон може овој рекорд да биде и подобрен. Сепак, за франзуцинот ова е мала утеха.

„Мислам дека заслуживме повеќе од бод, но факт е дека моравме да бидеме и подобри. По голот како да застанавме како да бевме задоволни со реми. Затоа не стигнавме до победа. Мојот впечаток е дека не освоивме бод, туку дека загубивме два. Што се однесува до рекордот убаво е да се слуѓшне такво нешто, но ако мене ме прашувате подобро е да освоиме титула, отколку да рушиме некакви рекорди. Тоа сепак е најважното во фудбалот. Тоа се гледа на крајот, а не рекордите. Мора да сме подобри, ако сакаме да сме најдобри“  – изјави Погба по мечот со Саутемптон.

 

ПретходноЖорди Алба се согласи на 25% помала плата
СледноЏердан Шаќири претставен во Лион