Секогаш е интересно во Келце, во еден од најдобрите ракометни клубови во Европа. Ова лето на ред дојдоа и пролемите околу лошите партии на дел од играчите на тимот од Полска во текот на овие подготовки.
Прво критикуваше тренерот Талант Душебаев, а сега на ред дојде и претседателот на Келце, Бертус Сервас.
Тој за полските медиуми, покрај другото имаше свој коментар и за Игор Карачиќ…
“Константно се анализира кој заслужува да го носи дресот на Келце. Еве на пример Игор Карачиќ имаше добар старт, потоа се повреди, и сега веќе не истиот. Јас лично сакам да видам дека на Карачиќ навистина му значи тимот на Келце“ изјави првиот човек на Келце, кој напомена дека покрај некогашниот миленик на вардаровите фанови, не се “безбедни“ и Алекс Душебав, исто така екс – вардарец, како и Андреас Вулф.