Николиќ денеска решава за патниците на ЕП, Финците веќе ги отворија картите

152

Македонската одбојкарска репрезентација в сабота треба да отпатува за Тампере, каде од 1 септември го почнуваат својот втор настап на завршницата на континенталните првенства. За нашите одбојкари деновиве останаа само тренинзите кои треба да се реализираат во Скопје, очекувајќи селекторот Душко Николиќ да го објави и официјалниот список на 14 одбојкари кои ќе настапат на ЕП.

Додека очекуваме Николиќ да го објави списокот со кој ќе патува на Европскиот шампионат, првиот наш противник и домаќин на групата, селекцијата на Финска веќе ги отвори картите. Селекторот на Финска, Жоел Банкс се одлучи за проверени сили со едно повратничко име во репрезентацијата во името на Мико Еско, кој беше дел од селекцијата на Финска и пред 10 години на тогашниот континентален собир во Австрија и Чешка, кога Финците успеаја да дојдат до четврфиналето.

Македонија и Финска практично ќе играат на отворањето на ЕП на 1 септември од 19 часот во салата Хакаметса во Тампере.

СОСТАВ НА ФИНСКА ЗА ЕП 2021

ТЕХНИЧАРИ:

2 Еми Тервапорти

3 Мико Еско

ПРИМАЧИ:

12 Аро Никула

10 Урпо Сивула

13 Јонас Јокела

КОРЕКТОРИ:

  1. Анти Ронкаинен

6 Никлас Сепанен

7 Нико Суихконен

23 Сакари Макинен

СРЕДНИ БЛОКЕРИ:

9 Томи Сирила

11 Саули Синконен

18 Мики Јаухиаинен

ЛИБЕРА:

4 Лаури Керминен

8 Воито Којка

ПретходноЧупиќ ги предупреди Вујовиќ и Вардар 1961
СледноДодека Роналдо „вриеше“ некој мислеше само на оброкот (ФОТО)