Скандалот со оргии на стадионот во Норвешка има епилог: Двајца фудбалери избркани од Бран

820

Пред десетина дена, норвешкиот фудбал го потресе голем скандал кога фудбалерите на Бран беа обвинети за организирање оргии на стадионот. Иако ги исклучиле телефоните поради сопствена недоверба, сите беа снимени од безбедносните камери, по што цела Норвешка бруеше за секс-скандалот во кој беа вклучени дури 12 фудбалери на тимот.

Последните информации велат дека двајца фудбалери на Бран веќе добиле отказ откако се докажа дека тие биле организатори. Тие донеле седум девојки на стадионот, а полициската истрага беше покрената откако една од девојките тврдеше дека била злоставувана.

Според норвешките медиуми, фудбалерите организатори на оргиите се малку познатите за наши фудбалски прилики, Кристофер Барман (28) и Микел Андерсен (32), кои од петокот веќе не се играчи на Бран. Имињата на другите 10 играчи се уште не се објавуваат, затоа што од клубот ги чекаат деталите од истрагата.

ПретходноБаерн го собори рекордот на Реал: Баварците „пукаат“ на 74 натпревари по ред!
СледноБаерн потврди: Кимих останува во Минхен до 2025 година