Кога за едно полувреме на Шкупи ќе му дадеш три гола, а крајниот резултат е 4:2 за твојата екипа, тогаш нормално е дека си играч на коло, и тоа без никакви дилеми. Немања Босанчиќ, интернационалецот, од Србија уште еднаш покажа дека е клучниот фудбалер во составот на стратегот Срѓан Захариевски. Покрај него во тимот на колото од Струга ТЛ се и Мециновиќ, Цаке и Б. Шабани. Шкендија со 4:0 ја победи Македонија ЃП, а во тимот на колото се Захов, Бејтулаи и двојниот стрелец Дориев. Академија Пандев со 2:1 славеше против Ренова, головите ги дадоа Велиновски и Стојчевски. Марио Станковски беше најдобриот поединец во редовите на Работнички во триумфот над Тиквеш. И на крај Ален Јашаровски беше стрелецот на победничкиот гол за Скопје против Пелистер.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
НЕМАЊА БОСАНЧИЌ
Тим: Струга Трим Лум
Роден: 01.03.1995 во Приштина
Кариера: Инџија (СРБ), Борац Чачак (СРБ), Беране (Ц. Гора), Колубара (СРБ), Струга ТЛ