Македонските интернационалци од Австралија Стефан Чолаковски и Метју Божиновски се на пат да нашата земја. Обајцата се на списокот на селекторот до 21. година Драган Канатларовски кој утре најдоцна в среда ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуели против Франција и Србија. Истите се играат на 2. односно 7 септември и се клучни за оваа кампања.
Стефан Чолаковски за прв пат ќе и се претстави на Македонската јавност. Играчот на Мелбурн Сити е голема надеж на овој клуб, а сега веќе и на нашиот репрезентативен фудбал. Македонија подолго време се обидуваше да го привлече во своите редови, и тој конечно ќе се приклучи на У21 таборот. Божиновски по втор пат е дел од У21 составот, откако одигра одлични минути на тренинг кампот одржан на стартот на летово.