Aрсенал со најлош старт во својата историја – нула бодови и ниту еден гол

103

Арсенал го загуби дербито со Челзи во вториот круг од Премиер лигата и запиша личен рекорд, поточно антирекорд. Тимот на Микел Артета нема освоено бод и нема дадено ни гол во првите два меча од сезоната. Тоа е најлошиот почеток во целата клупска историја на Арсенал – 118 сезони во некое од првите четири нивоа на англискиот фудбал и општо 128 години во кои Арсенал учествува во некаква форма во првенството на Англија.

Освен тоа за првпат по август 1992 година, кога е и формирана Премиер лигата, „топчиите“ се наоѓаат во зоната за испаѓање.

 

 

ПретходноТИМ НА 4.КОЛО: Босанчиќ трипати го “тресеше“ Шкупи…
СледноШкупи со реакција: Ќе се бориме против сите оние кои си „играат“ со нас!