Aталанта се договори со Челзи – Запакоста се враќа во Бергамо

146

Десниот бек Давиде Запакоста ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во редовите на Аталанта во зделка вредна 10 милиони евра, пренесува „Скај Спорт Италија“. Двата клуба се договориле, а поранешниот фудбалер на Џенова ќе слета во Бергамо вечерва или утре за да го комплетира трансферот.

29-годишниот фудбалер трет пат се враќа во Бергамо во својата кариера. Според информациите ќе потпише договор на четири години и веќе го пикирал дресот со број 77.

Запакоста првпат и се приклучи на Аталанта во 2011 но не одигра ниту еден меч за А тимот туку настапуваше за младинскиот тим. Во сезоната 2014/15 одигра 30 меча за Аталанта пред да се пресели во Торино, а од таму отиде во Челзи во 2017 година. Минатата сезона ја помина како позајмен во Џенова.

За Италија има 13 настапи.

ПретходноСениорките на 26 август на тест меч со БиХ
СледноИнтер брза да го потпише Кореа, Лотито ги предупреди