Арсенал го загуби дербито со Челзи во вториот круг од Премиер лигата и запиша личен рекорд, поточно антирекорд. Тимот на Микел Артета нема освоено бод и нема дадено ни гол во првите два меча од сезоната. Тоа е најлошиот почеток во целата клупска историја на Арсенал – 118 сезони во некое од првите четири нивоа на англискиот фудбал и општо 128 години во кои Арсенал учествува во некаква форма во првенството на Англија.
Освен тоа за првпат по август 1992 година, кога е и формирана Премиер лигата, „топчиите“ се наоѓаат во зоната за испаѓање.