Баерн го собори рекордот на Реал: Баварците „пукаат“ на 74 натпревари по ред!

135

Баерн вчера славеше на средбата со Келн во германската Бундеслига со 3:2 со што ја продолжи невеорјатната серија од 74 натпревари на сите турнири на кои тимот од Баварија постигнал барем еден гол.

Со ова постигнување, германскиот шампион го собори рекордот на Реал меѓу клубовите од најдобрите 5 лиги во Европа. Во сезоната 2016/17, Реал Мадрид постигна гол на 73 натпревари по ред (вкупно 200 гола).

Баерн постигна 214 гола на последните 74 натпревари, а Роберт Левандовски има постигнато дури 72 од овие 214 гола на баварскиот гигант. Последен пат кога Баерн (М) останал без „муниција“ е дуелот од Бундеслигата со РБ Лајпциг кој се одигра на 9 февруари 2020 година и кој заврши 0:0.

ПретходноЕлмас: Среќен сум за голот, се надевам ќе ја освојам довербата на тренерот
СледноСкандалот со оргии на стадионот во Норвешка има епилог: Двајца фудбалери избркани од Бран