По Жерард Пике, уште еден од капитените на Барселона се согласи да прима помала плата и да биде дел од пакетот мерки за штедење во таборот на Барселона.
Жорди Алба во договор со управата на клубот, од сега ќе зема 25% помала плата од онаа која што му е пропишана во договорот кој пак е важечки до 2024 година.
Со ова тој се согласува да биде дел од оние кои застануваат на страната на клубот што се вели и да бидат на линија на спасување на ужасната финансиска ситуација во која се наоѓа Барса во моментов.
„Секако дека мојот став е дека мора да му се помогне на клубот. Во тоа никој никогаш не требало да се посомнева“ – изјави 32. годишниот фудбалер.