Ламела во последните секунди и донесе триумф на Севилја!

155

Вечерва, во меч од 2.коло во Ла Лига, Севилја со 1:0 успеа да слави на гостувањето кај Хетафе. Стрелец на победничкиот гол беше Ерик Ламела и тоа буквално во последните секунди од мечот кога најдобро се снајде пред домашниот гол и ја затресе мрежата за голема радост на сите во својот тим.

Инаку ова беше втора победа на Севилја во вториот меч сезонава во Ла Лига, па така сега оваа екипа е лидер на табелата со шест бодови. Во текот на целиот меч гостите беа подобри, имаа посед на топката и шанси, но сепак победата дојде во 90+3.минута.

За Хетафе пак, ова беше вториот пораз во вториот меч.

ПретходноВеспрем без Манасков убаво се испоти против Нексе
СледноБрегалница и Тиквеш никако да победат!