Две промени во однос на Љубљана, Николиќ ги одреди одбојкарите за Тампере

218

Без изненадувања во изборот на селекторот Душко Николиќ за составот на македонската одбојкарска репрезентација за настапот на Европското првенство. Во споредба со нашето дебитантско учество на континенталните самити, националниот дрес ќе го носат Лука Костиќ и Филип Савовски, покрај 12-темина коишто играа и во Љубљана.

На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски. Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев тренираа со репрезентацијата од собирот на 11-ти јули, беа и на листата на пријателските натпревари, го дадоа својот придонес во подготвителниот процес, но сепак, за свое деби на европските првенства ќе чекаат друга шанса. Од тимот пред две години ги нема Милков и Андонов.

Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере каде што од први до осми ќе се обидат да го повторат или да го подобрат нивото од самитот во Љубљана каде што ги совладавме Белорусија и европскиот вице-првак Словенија што не беше доволно за осминафинале. Пристапот во Финска ќе биде поинаков, македонскиот тим ќе патува без посебен резултатски притисок, но со изразена желба да одигра соодветно, а доколку се случи тоа, можеби и да се надева на чекор понапред од 17-тото место на нашата континентална премиера. На патот ќе ни стојат домаќинот Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија.

ПретходноВалверде во Реал до 2027 со откупна клаузула од милијарда евра!
СледноРемс во проблеми: Се бараат премногу новинарски акредитации за дебито на Меси!