ТФТ ќе патува во Краснојарск, Куманово во Гронинген

221

ФИБА ги одреди градовите домаќини на четирите квалификациски во Еврокупот, во кој учество ќе земат македонските тимови ТФТ и Куманово. Улогата на организатори им припадна на Гронинген, Софија, Краснојарск и Парну.

ТФТ ќе патува во Крајнојарск во рамките на групата „Ц“. Тимот на Енисеј ќе се борат против израелската Хапоел Хаифа во првото полуфинале. Германскиот Меди Бајројт во второто полуфинале го чека победникот од четвртфиналната пресметка меѓу унгарските Натуртекс-СЗТЕ-Сегед и ТФТ од Скопје. Победникот од турнирот „Ц“ ќе го заземе преостанатото место во групата А за редовна сезона.

Холандскиот клуб Донар Гронинген ќе биде домаќин на турнирот „А“ во својата домашна арена. А победникот од четвртфиналето помеѓу нашиот Куманово 2009 и Свонс Гмунден од Австрија ќе ги пречекаат домаќините во едно полуфинале.

Бенфика од Португалија и романскиот Волунтари ќе се соочат во другото полуфинале. Победникот на турнирот „А“ ќе биде сместен во групата „Ц“ од редовната сезона.

Сите турнири ќе се играат помеѓу 28. септември и 1. октомври, со исклучок на Турнирот „Б“ во Софија, кој ќе започне на 29. септември бидејќи нема четвртфинале.

ПретходноПрв позитивен случај на Ковид-19 меѓу спортистите на Параолимписките игри
СледноНавас уште има кошмари од Меси