Англиските медиуми вечерва потврдуваат дека Челзи се раздели со уште еден свој фудбалер. По неколкудневно преговарање, Курт Зума кариерата ја продолжува во екипата на Вест Хем.
Како што пишуваат извори блиски до двете страни, сумата на трансферот е 28 милиони евра, а договорот меѓу фудбалерот и неговиот нов клуб ќе биде заклучно со 30 јуни 2026 година.
Вчера новинарите открија дека Зума веќе ги договорил условите од личната соработка со „чаканите“, па се чекаше договор меѓу Вест Хем и Челзи за трансефр цената.