Атлетико го пушта Саул во Челзи, а ќе донесе бразилска „деветка“

834

Можни се промени во ростерот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ може да го продадат офанзивниот играч за врска Саул Нигез во Челзи. Преговорите се во тек па ќе видиме што ќе излезе во наредните два дена. Се споменува во зделката да биде вклучен и Тимо Вернер…

Од друга страна Атлетико  ќе го ангажира бразилскиот напаѓач Матеус Куња. Овој 22-годишен напаѓач го носеше дресот со број 9 на Бразил на Олимписките игри во Пекинг каде освои злато со својата репрезентација.

Според неколку извори од Шпанија трансферот е речиси реализиран, а Атлетико ќе и плати на Херта 30 милиони евра. Се работи за одличен дриблер, а пред Херта настапуваше за Лајпциг.

ПретходноНикола Влашиќ се враќа во Премиер лигата, и тоа во лондонски клуб!
СледноЛШ: ПСВ со играч повеќе не успеа против Бенфика, Јанг Бојс и Малме обезбедија групна фаза (ВИДЕО)