Вардар утре без засилувањата, регистриран и Горан Попов!?

5231

Сите се понадевавме дека Вардар како најтрофеен фудбалски колектив во нашата земја, како гордоста на Скопје, како се она што претставува за Македонија со добивањето на новиот сопственик, кој патем го презема клубот во 100% сопственост ќе тргне кон санација на во моментов многу лошата состојба во пракса очигледно дека тоа нема да оди така лесно.

Утре стартува домашниот второлигашки шампионат, во кој за прв пат по осамостојувањето ќе биде дел и Вардар. Се гостува кај Кораби во Дебар, домашните и тоа како го чекаат трофејниот да пристигне. Сепак, со Вардар не се игра секој ден.

Се би било тоа во ред, Вардар мора да се исправи пред предизвикот, новите раководни структури на клубот, мора да направат се Вардар да се врати онаму каде што му е местото, а тој пат нема да биде лесен. Ќе стартува од утре од Дебар, но како?

Последната информација е дека Вардар сеуште летово нема регистрирано ниту еден нов играч и во записникот може да влезат единствено оние кои се регистрирани во минатото кога Вардар НЕМАЛ забрана за регистрација на нови играчи.

Од она што Спортмедиа може да го види во официјалните документи, стои дека од сегашните играчи на Вардар единствено утре во Дебар може да настапат Филип Илиќ, Дејан Блажевски и Филип Петковски. Како куриозитет, со оглед на фактот што последен негов клуб беше Вардар сеуште има право на настап и еден Горан Попов!?

Се останато како играчи кои имаат право на настап за Вардар во моментов се оние кои годиниве беа дел од младинската школа и кои прашање е дали воопшто сеуште се бават со фудбал!? Играчи родени 2002, односно 2003 година.

Во моментов Вардар мора најпрво во ОФС Гази Баба да ги помине сите петнаесетина засилувања, па потоа сета документација да замине во комисијата за регистрација при ФФМ која заседава и денеска но и утре, за да еден час пред стартот на натпреварот кога се прави и официјалниот записник за натпреварот сите играчи бидат веќе вметнати во комет системот.

Искрено се надеваме дека во текот на денешниот ден, односно утре до почетокот на натпреварот во Дебар помеѓу Кораби и Вардар, гостите ќе ги регистрираат сите оние играчи кои ги доведоа како засилувања летово, затоа што не биде ли така, гостите на овој меч ќе бидат топовско месо и ништо повеќе.

 

 

 

 

ПретходноНавас уште има кошмари од Меси
СледноПремиер лигата објави 16 заразени минатата седмица