Владата дозволи до 50% исполнетост на стадионите, присуство само со сертификат за вакцинација

464

На денешната седница, Владата донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика.

Според измените, на спортските настани на затворено е дозволено присуство од 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

Исто така останува во сила одлуката за влез со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Претходно„Л’ЕКИП“: Роналдо притиска да се пресели во Манчестер Сити!
СледноФ1 воведе награда за најдобриот претекнувач, засега лидер е Фетел