Во петок, точно на пладне, во посториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1.коло во Купот на Македонија. Во најмасовното спортско екипно натпреварување во нашата земја. Како што дознаваме и во новата сезона ќе има само по еден натпревар, како што беше лани. А на стартот прволигашите ќе бидат привилегинари, не ќе можат да се паднат еден против друг. Но само на стартот, а потоа од 1/8 финалето па натака, ждрепката ќе биде немилосрдна. И да повториме, ќе се игра само по еден натпревар.
Силекс како освојувач на пехарот во новата сезона, иако второлигаш, ќе го брани трофејот. Натпреварите од 1.коло во Купот закажани се за во средината на следниот месец.