Каков старт од соништата на Елиф Елмас во новата сезона во Серија А. И не само што постигна убав гол за Наполи во мечот од 1.коло во Калчото, Македонецот одигра одлично против Венеција во победата од 2:0.
Ова е првпат Дијамантот да биде во тимот на колото во една од најсилните лиги во Европа. Нема што, блескаше на стартот, тренерот Спалети му дава минутажа, само така да продолжи и да докаже дека има потецијал да биде светска класа.