По заминувањето на Ромелу Лукаку челниците на Интер тргнаа во потрага по засилување во нападот, а се чини еден дел завршија.
Во игра беа неколку имиња, на крајот изборот падна на Андреа Белоти, долгогодишен напаѓач на Торино и еден од најдобрите стрелци во Серија А во последните неколку години. Своевремено тој беше проценуван и на 100 милиони евра.
Преговорите меѓу Интер и Торино почнаа во понеделникот, а завршија доцна синоќа, тој ќе дојде за 15 милиони евра.
27-годишниот фудбалер до сега во Серија А има постигнато 99 гола, во првото коло беше стрелец протива Аталанта.
TMW – Inter, trovato l’accordo con il Torino per Belotti. Le cifre dell’affare https://t.co/CL2l1DJsq7
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) August 23, 2021