Како до билет за дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб?

186

На првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански” ќе биде дозволен влез на одреден број на публика.
Добиена е дозвола за искористување на капацитетот на салата до максимални 1.800 гледачи, кои ќе може да го следат натпреварот во четврток (26 август 2021) од 20,15 часот.

Според последните протоколи што ги усвои Владата, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

Истиот треба да го покажат при влегување во салата.

Билетите за влез ќе бидат бесплатни и ќе може да се подигнат од БИЛЕТАРА 2 (пред влезот на малата сала во СЦ „Јане Сандански” во среда (25 август 2021 година) во периодот од 11,30 до 15,30 часот.
Подигањето на поканите (билетите) ќе биде додека има слободни места.

Едно лице може да подигне најмногу 2 (две) покани (билети) за натпреварот. Останува правилото при добивање на билетите да се покаже соодветен документ за идентификација (лична карта) и сертификат, според протоколите на Владата.
При подигањето на билетите ве молиме на одржување на дистанца во однос на другите лица кои исто така ќе бидат пред билетарницата.

Доколку имате покана (билет) за натпреварот а при влез не покажете ВАЛИДЕН сертификат, нема да може да влезете во салата да го следите натпреварот.

Во салата ве молиме да се придржувате до препорачаните мерки, и одржување на соодветна дистанца на седиштата. Задолжително ќе биде носење на маски во текот на натпреварот, односно од влегувањето во салата.

ПретходноОд многуте понуди Максимовиќ реши да му биде соиграч на Пандев
Следно„Л’ЕКИП“: Роналдо притиска да се пресели во Манчестер Сити!