Македонскиот футсал преставник во Лигата на шампионите, екипата на КФМ Проект не успеа да ја мине првата елиминациска фаза. Во последното коло од турнирот во Гевгелија, КФМ Проект загуби со убедливи 5:0 од екипата на Луксол од Малта, која со три победи заврши на првото место во групата и обезбеди пласман во следната рунда.
Три од овие четири гола за малтешкиот тим постигна Херберт Болт, а еден беше автогол на Глигоров. Во самата завршница погоди и Маикинхо.
КФМ Проект заврши како втор, но овој денешен пораз го исфрли од конкуренција за најдобровторопласирана екипа од сите групи.