Роналд Куман уште минатата сезона го отпиша францускиот дефанзивец и беше јасно дека Умтити ќе треба да се промени средината.
Каталонскиот клуб на почетокот на јули му понуди спогодбено раскинување на соработката, како слободен играч да пронајде нова средина, но на изненадување на сите тој ја одби оваа можност.
Францускиот фудбалер имаше неколку понуди од Франција, Русија и Португалија претходните недели, но негова цел е да остане во Барселона.
Умтити има договор на уште две години и клубот сака да го продаде за да го ослободи буџетот за плати.
Шпанските медиуми синоќа објавија дека имал состанок со Жоан Лапорта на кого јасно му порачал дека нема намера да си оди. Првиот човек на каталонскиот гигант бил лут и изненаден.
Французинот има цел оваа сезона да се наметне кај Куман и да се врати во почетниот состав на Барселона, потенцирал дека е максимално подготвен.