Се поочигледни се знаците дека Јувентус и Кристијано Роналдо веќе се договориле да се разделат.
Како што пренесува угледниот „Л’Екип“, желбата на Кристијано Роналдо е кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити и сериозно да притисне тој трансфер да се реализира. Наводно, тимот од Торино би бил задоволен со 30 милиони евра како компензација, но покрај тоа, би бил ослободен и од товарот на неговата плата од 30 милиони евра годишно.
Како можно олеснување во трансферот, според францускиот весник, би било евентуалното доаѓање на Емерик Лапорт, за кого Јуве е сериозно заинтересиран.