ЛШ: ПСВ со играч повеќе не успеа против Бенфика, Јанг Бојс и Малме обезбедија групна фаза (ВИДЕО)

202

И четврта сезона едноподруго, еден од најтрофејните холандски фудбалски клубови ПСВ Ајндховен не успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва на „Филипс Арената“, ПСВ одигра само 0:0 против португалска Бенфика и не успеа да ја надомести негативата од 2:1 од првиот меч во Лисабон.

Домашните како предност плус го имаа и фактот што гостите останаа со играч помалку уште во 32. минута кога Лукас Верисимо заработи втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.

Вистинска голеада и вечерва приредија фудбалерите на Ференцварош и Јанг Бојс. По оние 3:2 за Швајцарците на првиот меч во Берн, вечерва во Унгарија следуваше копија на тој меч, па гостите со нова идентична победа од 3:2 го заверија пласманот во групната фаза.

Гостите имаа пенал, но Зибатчеу го промаши. Со двете победи, Јанг Бојсобезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите за првпат по 2018/19 кога беа дел од завршната рунда.

Во Разграd во Бугарија, Лудогорец оствари пирова победа над Малме. Бугарите славеа со 2:0, но поради победата на Малме на првата средба со 2:0 шведскиот првак обезбеди групна фаза во ЛШ за првпат по пауза од 6 години.

ПретходноАтлетико го пушта Саул во Челзи, а ќе донесе бразилска „деветка“
СледноПротест против газдите: Го наполнија теренот со тениски топчиња (ВИДЕО)