Навас уште има кошмари од Меси

549

Лионел Меси направи вистински бум во светот на фудбалот по одлуката да ја напушти Барселона и да го облече дресот на ПСЖ.

За лудилото кое го предизвика во Париз зборуваше и голманот на францускиот тим, Кејлор Навас, кој се присети на времињата кога бранеше за Реал Мадрид, а на другата страна го имаше Меси и Барса.

„Кога Меси ќе даде гол на тренинг, ми се враќаат болните спомени кога бранев за Реал и кога игравме против Барселона. Ми даде неколку голови, кои и ден-денеска ме прогонуваат. Поубаво е кога го имаш во својот тим, среќен сум што е тука“, изјави Навас.
ПретходноТФТ ќе патува во Краснојарск, Куманово во Гронинген
СледноВардар утре без засилувањата, регистриран и Горан Попов!?