Арсенал во првото коло од новата сезона во Премиер-лига беа поразени од Брентфорд, а вчера на градското дерби на свој терен доживеа нов пораз од Челзи со 2-0.
Навивачите на овој тим се лути на челниците на клубот поради начинот на кој одработија уште еден преоден рок во кој не успеа да донесат неколку големи и звучни засилувња.
Арсенал во составот има млади фудбалери од кои се очекува многу, но многумина сметаат дека на тимот му се потребни лидери за да ги поведат кон врвот на табелата.
По поразот од Челзи на удар се најде тренерот на лондонскиот клуб, Микел Артета, кој доби жестоки критики.
Пред да замине од стадионот, група на навивачи го блокирале автомобилот на менаџерот на Арсенал, од него побарале да го напушти тимот поради очјаниот старт на сезоната.
🚨⚽️ | NEW: Arsenal fans confronting Mikel Arteta after the Chelsea loss pic.twitter.com/99Lxmo6i2o
— Football For All (@FootballlForAll) August 23, 2021