Никола Влашиќ се враќа во Премиер лигата, и тоа во лондонски клуб!

725

Вест Хем уште не донесе вистинско засилување, а рокот истекува за седум дена. Британскиот Телеграф пишува дека менаџерот Дејвид Мојс го сака Џеси Лингард ов Манчестер Јунајтед, но тој остана на „Олд Трафорд“.

Лингард успешно го носеше дресот на Вест Хем минатата сезона, а Мојс го сака и за новата сезона. Но засега работите тешко одам, а лондончани имаа и друг план, а тоа е Никола Влашиќ од ЦСКА. Управата на Вест Хем испратила понуда од 30 милиони евра со надеж дека ЦСКА ќе ја прифати.

Влашиќ претхоно играше во Премиер лигата и тоа во Евертон од 2017 до 2019 година.

Хрватот во тој период не се снајде во најсилната англиска лига. Инаку има 26 натпревари за Хрватска.

Во меѓувреме Вест Хем работи на комплетирање на трансферот на Курт Зума од Челзи.

 

ПретходноКФМ Проект поразен во последното коло ги заврши настапите во футсал ЛШ
СледноАтлетико го пушта Саул во Челзи, а ќе донесе бразилска „деветка“