Обрван: И Загреб и Вардар имаат еднакви шанси

237

Вардар 1961 е домаќин на првата четвртфинална пресметка за место на Ф4 во СЕХА лига.

Во четврток во Скопје гостува ППД Загреб кој имаше добри резултати во подготовките и тоа благодарение на екс-вардарецот Иван Чупиќ.

На кормилото на овој тим е некогашниот македонски селектор, Ивица Обрван, смета дека патникот за фајнл-фор завршницата ќе биде одлучен во Загреб на реваншот.

“После три недели подготовки заедно со турнирот во Добој пред нас е важен меч. Би рекол дека шансите се еднакви и за нас и за Вардар. Резултатот од првиот натпревар нема да биде гаранција за ништо освен ако не биде со голема разлика. Верувам дека учесникот на Ф4 ќе биде одлучен во Загреб. Ни преостанаа уште неколку тренинзи за да се подготвиме за Вардар и да ја подигнеме формата. Се надевам дека на овие два меча ќе покажеме добра игра и ќе избориме место на Ф4”, изјави Обрван.

ПретходноПрволигашите претстојниот викенд ќе играат во сабота, а второлигашите во недела!
СледноРенова го потпиша Шефити на една година!