Не ден пред свеченото отварање на Параолимписките игри во Токио еден спортист е позитивен на Ковид-19 во параолимпиското село. До сега вкупно шест особи беа позитивни на коронавирус, но само еден спортист.
Името засега не се открива неговото име, веднаш е ставен во изолација, а допрва ќе се истражуваат неговите контакти.
„Очекувавме да имаме голем број позитивни случаи во селото, така што протоколот веќе беше воспоставен откако ги потврдивме позитивните случаи. Ова лице е изолирано во специјален објект, а потоа ќе започнеме истрага за идентитет на блиски контакти. Ова е стандарден протокол“, велат организаторите.
Вкупно 36 луѓе, вклучително и 16 спортисти, беа позитивни на коронавирус во Олимпиското село од 1 јули до 21 август.